-->
-->
Денеска четвртфинални дуели во фудбалскиот Куп на Македонија
-->
Во фудбалскиот Куп на Македонија, денеска ќе се играат првите дуели од четвртфиналната рунда.
На програмата се три средби, бидејќи Вардар и Шкупи сеуште ги немаат одиграно своите осминафинални натпревари.
Така попладнево денеска во Тетово ќе се играат два меча.
На Градскиот стадион ќе се сретнат Ренова и Скопје, додека на игралиште на АМС „Спортски центар“ ќе играат Тетекс и Академија Пандев.
Во Битола, ќе се игра пелагониското дерби меѓу Пелистер и Победа.
Сите натпревари ќе старуваат во терминот од 13 часот.
Потсетување, дека пласман во четвртфиналето обезбеди и тетовска Шкандија која ќе го чека исходот од дуелите меѓу Вардар и Шкупи кои се закажани за 29 ноември и 17 декември).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Арагчи: Доколку Израел ја запре агресијата, Иран нема да одговори со напади
-
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија
-
Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
-
Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“
-
Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутен прекин на огнот
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран