Денес е ден на жалост: Кисела Вода тагува по Билјана Беличанец
Денеска е прогласен ден на жалост во Кисела Вода, заради смртта на поранешната градоначалничка и актерка Билјана Беличанец. тоа значи дека сите културни, забавни, спортски и други активности се откажуваат.
На вчерашната вонредна седница на општината беше донесена и одлука за преименување на новоизградениот Дом на културата КВК, што се наоѓа на територијата на оваа општина, во „Билјана Беличанец“.
Беличанец беше градоначалничка на општината Кисела Вода од 2013 до 2017 година.
На 6-ти април таа изврши самоубиство. Безживотното тело го пронашол нејзиниот сопруг. Имаше неполни 46 години.
Нејзини последни претстави се “Господа Глембаевски” и “Последните Македонци” во матичниот Драмски театар. Беличанец глумеше во повеќе ТВ-проекти како “Здраво генијалци“ и натсихронизираше гласови во турски серии.
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени