Ден на Полкот за специјални операции на АРМ
Со свеченост во касарната „Илинден“ денеска ќе биде одбележан денот на Полкот за специјални операции (пСО) - 1 Март.
Единиците од состав на пСО ќе имаат дефиле, ќе бидат доделени стимулативни мерки, а за достигнувањата на единицата ќе говорат раководните кадри од армијата.
Најавено е присуство на министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, генерали во АРМ, поранешни началници на ГШ на АРМ и пензионирани генерали, претставници од МО и ГШ на АРМ, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата и други гости.
Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов 1 март е одреден за ден на пСО, со традиции на денот кога е формирана првата специјална единица на АРМ, 1 март 1994 година.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C