Ден на албанската азбука
- Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата ќе организира свечен прием по повод Денот на албанската азбука 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана.
Како што соопшти Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, на настанот ќе учествуваат доајени на албанското образование и просветни работници.
Владина делегација предводена од вицепремиерот Лика попладне ќе го посетат Музејот на албанската азбука во Битола каде што ќе биде отворена изложба на портрети на делегати кои пред повеќе од еден век учествувале на Битолскиот конгрес. Одбележувањето ќе биде заокружено со концерт во Центарот за култура во Битола.
Активностите за Денот на албанската азбука, кој е неработен ден за Албанците во Македонија, почнаа вчера со научна трибина во Битола, на која учествува истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и Албанија.
На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени