Демократски сојуз: Парламентот на Бугарија го бугаризира и Илинден
Наместо подобрување на односите, Бугарија со смислена провокација пред Илинден, националниот празник на Македонците и Македонската држава, со резолуција сака да го бугаризира Илинден.
Во услови кога ДУИ и СДСМ започнаа постапка за уставни промени, со цел Бугарите да бидат внесени во Уставот на Македонија, Движењето за промени на Кирил Петков (наводниот демократ), тргна по патот на Каракачанов, предлагајќи Бугарскиот Парламент да донесе Декларација со која Илинденското востание ќе го прогласи за Бугарско.
Оваа Декларација покажува дека уставните промени нема да го отворат европскиот пат за Македонија, туку ќе се искористат за поагресивна антимакедонска кампања, негирање на македонскиот народ, јазик, историја и култура.
Македонската дипломатија предводена од ДУИ, ги загрозува нашите национални и државни интереси, поради што се неопходни коренити кадровски промени.
И покрај очигледните анационални активности, криминалот, блокада на институциите, огромно незадоволство на граѓаните, СДСМ не трепнува, за сѐ ги обвинува тие што пред седум години биле на власт, но не им сметаше со дел од нив да прават бизнис коалиции.
Сакаме јавно да соопштиме дека без реципроцитет, уставни промени нема да има.
Само со признавање на правото на здружување на Македонците во Бугарија, можно е да очекуваме промени на подобро.
СДСМ треба да ги преспита своите ставови, дали ќе оди на предвремени избори или и натаму ќе го одржува ДУИ на власт.
Демократски сојуз
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница