Демократите ќе покренат отповикување на Трамп бидејќи ја загрозил безбедноста на САД
Демократите во Претставничкиот дом на САД денеска официјално ќе ја објават својата резолуција за отповикувањето на претседателот Доналд Трамп, обвинувајќи го за „поттикнување бунт“ и улогата што тој ја имаше во минатонеделниот упад во Конгресот.
Во резолуцијата се укажува на повторените тврдења на Трамп дека победил на изборите и неговиот говор пред неговите приврзаници на 6 јануари пред упадот во Конгресот, јави Си-Ен-Ен.
Се цитира и поканата на Трамп со републиканскиот државен секретар од Џорџија кога претседателот го повика да „најде“ доволно гласови за победа во таа држава.
– Со сето ова, претседателот Трамп сериозно ја загрози безбедноста на САД и владините институции, се наведува во резолуцијата во која пишува и дека „го загрозил интегритетот на демократскиот систем“ и „ја попречувал мирната транзиција на власта.
Во резолуцијата на демократите се истакнува и дека Трамп ја „изневерил довербата во претседателот и очигледно го повреди народот на САД“.
Резолуцијата за отповикување е првиот чекор на демократите кон отповикување на Трамп. Претходно, претседателот на Комисја на Претставничкиот дом за правила на пратениците, Џим Мекговерн, изјави дека очекува в среда да се гласа за обвинителен акт и отповикување на Трамп.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило