Македонија
26. October 2017 - 13:54

Делови од Скопје утре без струја

Корисниците од населбите Ќерамидница, Триангла, Хиподром, Гоце Делчев, Јурумлери, дел од Долно Лисиче и дел од селата Арачиново и Орланци утре од 5 до 6 часот ќе бидат без електрична енергија.

Од 8:30 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Петар Ацев“ бр.4 во општина Аеродром, а од 8:30 до 9 часот дел од корисниците од улиците „Мирка Гинова“ и „Орце Николов“, зад Гимназијата, во општина Карпош. 

Во временскиот период од 8:30 до 14 часот без струја ќе останат дел од корисниците од улицата „11 Октомври“ – бараките во близина на Стара Рампа, а од 8:30 до 10:30 часот дел од корисниците од улиците „Македонска Преродба“, „Борис Сарафов“, „Арсение Јовков“, „Радушка“ и „Апостол Петков“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 8:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр.10, а од 8:30 до 14 часот корисниците од улицата „Пандил Шишков“ бр. 2 , општина Аеродром. 

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Христо Татарчев“ подулици со број 2, 3, 4, 8, 10, 12 и 32, од 9 до 12 часот корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“, а 9 до 15 часот дел од корисниците од улиците „Пелагонија“, „Злетовска“ и „Брсјачка буна“ во општина Шуто Оризари. 

Без струја од 10 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Гаврил Константиновиќ“, општина Аеродром, а од 11 до 12:30 часот дел од корисниците од улиците „Беаз Куле“ и „Црногорска“ во општина Ѓорче Петров. 

Од 13 до 15 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Црногорска“, „Борис Сарафов“, „Драговити“, „Панајот Гиновски“, „Островска“, „Жеденска“ и „Смилевски конгрес“ во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.