Делови од Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода в петок 18 часа без вода
- Поради реконструкција на водоводна линија со пречник од 700 милиметри кај новиот кружни тек меѓу улицата „Христо Татарчев“ и булеварот „Србија“ на последната постојка на автобусот со број 24, в петок од 20 часот до завршување на работата без вода за пиење ќе останат станбените објкети над петти кат во населбите Аеродром и Ново Лисиче, како и населбите Припор, Сопиште, Ракотинци и Добри Дол.
Без вода ќе биде и дел од населбата Кисела Вода, поточно улицата „Христо Татарчев“ крак 1-11, крак 2, Сервисната зона Југ и делот од булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ на потегот од новиот кружен тек до булеварот „Борис Трајковски“.
Како што инфомрираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, според нивните проекции работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило в сабота во периодот од 8:00 до 14:00 часот.
- Бидејки ќе се работи во текот на ноќта за жителите од наведените населени места ќе обезбедиме цистерни со питка вода, се вели во соопштението од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и се додава дека непречено ќе функционираат уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче
Ново на Сител
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица
-
Денеска гласаат вкупно 505 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка, Ранковце и Кратово
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори