Делегацијата на РСМ во посета на македонските здруженија во Измир
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со иселениците во градот Измир каде што заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски и градоначалникот на Градско, Киро Нацков, заменик - министерот за култура, Даим Лучи и државната секретарка на Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска и Конзулот на Република Северна Македонија во Анкара, Илијаз Ферах, утрото го поминаа заедно со Македонците во Измир, соопштија од МТСП.
За време на посетата беше искажана поддршката од страна на делегацијата за функционирањето на здруженијата на Македонци во Измир.
Тренчевска заедно со градоначалникот на Чашка, Стојановски доделија лаптоп и печатач со цел зајакнување на нивната работа и олеснување на нивните активности и користење на дигиталните алатки за промоција на македонските вредности и култура, а од страна на државната секретарка на МОН, Казанџиска за децата беа подарени илустрирани сликовници со цел збогатување на библиотеката на здружението.
Претставничката на МОН истакна дека во периодот што следува, ќе се залага обезбедување на наставници на македонски јазик во Измир, Туркије.
На крајот од средбата беа доделени плакети во знак на благодарност за остварената средба.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза