Делегации од стопанските комори од регионот на средба со Иванов
Делегација од коморите од земјите од регионот членки на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) формиран во 2015 година како платформа на регионално поврзување во насока на вклучување на коморите во „Берлинскиот процес“ денеска во Охрид ќе се сретнат со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Како што соопштуваат од Стопанската комора на Македонија, коморските делегации ќе бидат предводени од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите колеги, претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Косово, Сафет Ѓерѓелиу.
На состанокот претседателите на коморите ќе го информираат Иванов за сите активности кои ги преземаат коморите, а се во насока на поддршка на „Берлинскиот процес“. На средбата акцент ќе биде ставен на активностите на коморите за формирање заеднички Инвестициски фонд за функционирање и поттикнување на старт-ап иновативни мали и средни претпријатија во земјите на Западен Балкан, формирање Конзорциум за настап на големите извозни пазари и заеднички настап на тендери, формирање заеднички Регионален едукативен центар, формирање заеднички туристички производ од регионот и заедничко имплементирање на процесот на дуално образование со што во земјите на КИФ би се надминал проблемот на неусогласеноста на образованието со пазарот на труд.
Основачи на КИФ се Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската комора на БиХ, Стопанската комора на Србија, Стопанската комора на Косово, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Хрватска и Стопанската комора на Словенија, кои на 27 август 2015 година, во Виена, на Вториот состанок на коморите од земјите од Западен Балкан во рамките на Виенскиот самит како дел на „Берлинскиот процес“, го склучија Договорот за основање на Коморски инвестициски форум (КИФ).
КИФ и плановите за развој на регионалната платформа којашто ги обединува осумте комори од регионот ги претставуваат економиите од овие земји со 350.000 компании.
Ново на Сител
-
Приведени двајца крадци од Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
-
Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
-
Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова
-
Приведен кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти
-
Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“
-
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна
-
Приведен 29-годишник од Грција на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства