Делчевецот Васко Панчовски ја донираше Богојавленската награда
Делчевецот Васко Панчовски, кој по трет пат го извади Чесниот Крст од водите на реката Брегалница во Делчево наградата од компанијата „Зегин“, одлучи да ја донира на семејство од социјален ризик од Делчево.
-Во консултација со моите другари решивме машината за перење алишта која беше главна награда за Водици да ја доделиме семејство од Делчево кое навистина има потреба од неа. Задоволство е да помогнеме некому, со тоа што сакаме наградата да замине во прави раце, рече 28 – годишниот Панчовски.
Од компанијата додадоа дека како генерални спонзори, во рамки на годинешното одбележување на Водици доделени се награди за сите учесници кои учествуваа во Богојавленската традиција ширум државата.
Ова е втора донација на Васко Панчовски од Делчево, кој во 2020 година исто така ја донираше освоената награда телевизор за хуманитарни цели.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло