-->
-->
Дела од Детската ликовна колонија од Кратово изложени во Кочани
-->
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани е отворена изложба на дела од 23. Меѓународна детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ која минатата година се одржа во Кратово.
На изложбата, која ќе биде отворена 15 дена, претставени се 30-ина дела работени во повеќе техники. Мотиви што ги инспирирале младите творци се старата кратовска архитектура, мостовите, саат-кулата.
В.д. директорот на Домот на културата „Лазар Софијанов“ од Кратово на отворањето рече дека организирањето на изложбата во Кочани е резултат на успешната соработка што ја имаат со Центарот за култура „Бели мугри“, воспоставена од почетокот на кратовската колонија, бидејќи нејзини учесници се и ученици од Кочани.
- Традиционално делата од колонијата ги изложуваме и во Кочани. На годинашната, 23. Меѓународна детска ликовна колонија учествуваа триесетина ученици од повеќе градови на Македонија, како и деца ликовни творци од Србија и Бугарија, рече Ристовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот