Македонија
8. December 2024 - 16:56

Декември е месец на зголемен број повици кон Брза Помош

Продолжениот празничен викенд за едни вистинско уживање, за други мака со болестите. Зголемен е бројот на повици во скопската Брза Помош и за 5 минути додека ја снимавме изјавата, три возила се вратија од интервенции. Иако ноќните служби работат, не сите пациенти можат да отидат до пунктовите и затоа спасот за проблеми со хипертензија, астма и гушење го бараат на 194.

-Се трудиме секогаш да со нивната домашна терапија што ја имаат да дојде до регулирање на крвниот притисок. Имаме и по неколку јавувања во денот. Меѓутоа кога имаме компликација со отежнато дишење мора да интервенираме и ние. Исто така и пациенти со хронични респираторни заболувања во овие денови со промени на климата реагираат со отежнао дишење, вели д-р Марина Сотировска од Брза Помош – Скопје.

Освен кај пациенти со хронични заболувања овие денови Брза помош има и повеќе интервенции кај сообраќајни несреќи кои завршуваат со сериозни повреди. Хопситализирани на КАРИЛ но и фатални последици за пешаци.

-Месец декември е месец на прослави, зголемено раздвижување што е нормално и затоа апелираме да се зголеми вниманието кај возачите но и на пешаците, и тие да внимаваат каде поминуваат улица, вели д-р Сотировска.

До новогодишната ноќ има уште дваесетина дена. Но периодот пред тоа кој е зачинет со бројни предновогодишни прослави треба да помине со укажувањата на лекарите. Без брзо возење и под дејство на алкохол и внимание од сите учесници во сообраќајот.