-->
-->
Дејвид Боуви кремиран во тајност
-->
Легендарниот музичар Дејвид Боуви бил кремиран во целосна тајност, наводно и без присуство на семејството и блиските пријатели, објави ексклузивно британскиот „Дејли Мирор“.
Боуви, според весникот, не сакал голем погреб, туку сакал „да замине мирно без никакви посебни церемонии, бидејќи не сакал да го паметат по тоа, туку по неговите песни“.
Неговото тело било кремирано многу набрзо по смрта, тврди изворот за „Дњјли Мирор“.
- Тој само сакаше да исчезне без врева. Таков беше неговиот стил. Неговиот последен албум е негово збогување со фановите, изјавил изворот.
Во понеделникот светот го шокираше веста за смртта на Дејвид Боуви, кој во последната година и половина се бореше со рак на црниот дроб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата