Дефект во инсталацијата - првична индиција за опожарениот автобус
Неисправна инсталација најверојатно е причината поради која попладнето на автопатот Скопје - Штип целосно изгоре автобус на штипската компанија Кит Го Прес. Оттаму велат дека врз основа на исказот од возачот, првична индиција е дека дефект во електриката би можел да го предизвика пожарот. Огнот почнал од задниот дел на автобусот каде што се наоѓа моторот, по што се раширил и низ целиот автобус кој бил без патници. Откако не можел сам да го изгаси, возачот успеал навреме да излезе од опожарениот автобус и да ги повика пожарникарите.
Од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе за Сител велат дека на терен излегле едно возило со тројца пожарникари, а потоа на помош било испратено уште едно возило со тројца пожарникари. Инцидентот го потврдија и од МВР, чии екипи извршија увид на местото на настанот кој се случил околу 13 часот. Од компанијата посочуваат дека нивните автобуси редовно се регистрираат и сервисираат, а вештачењето треба да ја покаже вистинската причина за инцидентот.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши