Дечињата плачеле над мртвото другарче
Двегодишното детенце кое почина во градинка го растажи целиот регион. Настанот кој се случи во градинка во Белград, го зави семејството и другарчињата на детенцето во црно.
Според најновите детали од истрагата, воспитувачката пробала да го оживее, но не успеала. И лекарите кои веднаш биле повикани пробале да го оживеат, но залудно.
Според податоците, детето откако ручало во градинката, легнало со другарчињата да спие, како што вообичаено прават секој ден. Сите 15 деца спиеле, а кога дошло време за будење, воспитувачката не можела да го разбуди.
Го тресела и викала, но залудно. Дечињата сфатиле дека нешто лошо се случува па почнале да плачат и врескаат.
Кога било донесено во болницата, детенцето не давало знаци на живот. Срцето не му работело и не дишело, а по 45 минутна реанимација, било прогласено за жал за мртво.
Според директорката на градинката детето пред кобниот момент било среќно и играло.
Обдукцијата ќе ја покаже причината за смртта.
Ново на Сител
-
Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со сончеви периоди
-
Изгоре помошна просторија на куќа во Струмица
-
Лука Салватори го загуби животот на трка во Германија
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
-
Осум мигранти загинаа во обид да го преминат Ла Манш
-
Сообраќајка меѓу трактор и автомобил, повредени три лица