Македонија
4. December 2017 - 9:16

Дебата за правата на мигрантите

Научна конференција на која ќе биде претставен документот за јавна политика на тема „Пристап до права и заштита на ранливи групи на луѓе препознаени како бегалци или мигранти“ ќе се одржи денеска во организација на Легис. 

Конференцијата ќе ја отворат народниот правобранител Иџет Мемети, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и генералниот секретар на Легис, Мерсиха Смаиловиќ.

Легис заврши со имплементирањето на проектот „Пристап до права и заштита на ранливи групи на луѓе препознаени како бегалци или мигранти“ со финансиска поддршка од „Unitarian Universalist Service Committee“, ориентиран во поддржување на истражувачката околина и човековите права.