Дебата за планински и екотуризам за Македонија
Дебата на тема „Планински туризам и екотуризам за одржлив развој за Македонија“ ќе се одржи денеска во организација на Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје.
На дебатата ќе учествуваат Рафаел Трује, директор на француското здружение Тетрактис, Жилбер Мантовани, заменик претседател и основач на здружението и Оливје Беф, планинарски водич кој престојува во Велес и сопственик на веб страната Macedonia trakking (http://www.macedonia-
Тетрактис е организација чија цел е да ги истражи сите можности за соработка во насока на урамнотежен развој на регионите. Здружението развива активности во Франција, но исто така и во Јужна Америка, Африка и Азија.
Претставниците од ова здружение престојуваат во Македонија со цел изнаоѓање потенцијални партнерства и соработка околу проектите за локален развој, одржлив туризам и регионален развој.
Водичот, пак, ќе проговори за конкретните услови и развој на екотуризмот и планинскиот туризам во Македонија, врз основа на искуството стекнато во последните години.
Ново на Сител
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија
-
ЦУК: Седум пожари и 1.837 повици на 112 во последното деноноќие
-
СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата