Дебата: Неопходна е стратегија за заштита од сајбер криминал
Од јануари до октомври оваа година во Македонија хакирани се 328 веб страници. Според податоците на АЕК, во државава се регистрирани 610.000 IP адреси, а интернет услуги даваат 101 провајдер.
За овој проблем денеска Министерствата за информатичко општество и администрација (МИОА) и за одбрана (МО) организираа панел дискусија на тема „Политики за сајбер безбедност - транспонирање на Директивата 2016/ 1148 на ЕУ, за обезбедување високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи“
Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски истакна дека е потребен нов законза обезбедување високо ниво на безбедност на мрежите и информациските системи и промена на одредени постојни закони, именување едно или повеќе национални надлежни тела - кои ќе вршат надзор врз почитувањето на обврските кои ги имаат овие оператори.
- Потребно е да се обезбедат тимови за одговор на компјутерски инциденти - CIRT-ови и, операторите на клучни услуги, да имаат законска обврска, неодложно да го известат националното надлежно тело, односно Computer Incident Response Team (CIRT) тимот, само за оние безбедносни инциденти кои предизвикале значително нарушување во обезбедувањето на клучните услуги, истакна Манчевски.
Според него, за да можат CIRT тимовите ефикасно да ги спроведуваат законските обврски, потребни се финансиски средства, технички, просторни капацитети, доволен стручен кадар со потребни вештини и знаење. Стручното усовршување во тимовите бара време и средства, а задржувањето на ваквиот кадар преставува сериозен предизвик.
Манчевски ја нагласи соработката на приватниот сектор со државните институции како клучна, посебно кај Дирекцијата за заштита на личните податоци, секторот за компјутерски криминал при МВР, Дирекција за безбедност на класифицирани информации...
- Сајбер нападите претставуваат заедничка закана за секого, потрошувачите, државите, бизнисите, економиите, занаетите, граѓаните,... Како што и порано, за време на војна се склучувале сојузи за борба против непријателот, така и ние мора да се здружиме заедно, нагласи Манчевски.
Прашањето на безбедноста, според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, многу често се гледа само низ призмата на воени сили.
- Сведоци сме на дигитализација на конфликтите и кризите. За жал како држава доцниме зад сите овие појави. Не е случајно што по првите сајбер напади во Естонија, НАТО направи сериозен трансфер во приоритетите и од 2008 година започна на работа на својата прва сајбер стратегија, истакна Шекеринска.
Порача дека Македонија треба да биде практична и во фокусот да и бидат лекциите кои се научени во нашето соседство и во ЕУ и НАТО да се искористат максимум. Потсети дека Македонија ја усвои конвенцијата од Будимшта за сајбер криминал на Советот на Европа.
Шекеринска информираше дека МИОА, МВР и Министерството за одбрана веќе ги формираат тимовите кои ќе имаат задача да продуцираат стратегија за сајбер одбрана.
На дебатата повеќе дискутанти забележаа дека има недостаток на кадри во ИТ секторот за заштита од сајбер криминалот, и побараа изработка на стратегија за задржување на таквите кадри во државава кои се дефицитарни.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа