Дебата: Македонија во ЕУ во пакет со земјите од регионот
Надградба на Берлинскиот процес со колективно пристапување кон ЕУ заедно со други земји кандидатки за членство како и заедничко лобирање на Балканските земји, денеска беше препорачано на дебатата насловена „Местото на Западен Балкан во Европската унија: Перспективи за добрососедски односи” во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Институтот за европска политика– Скопје, во соработка со Австро-францускиот центар за приближување во Европа (CFA/ÖFZ) и Меѓународниот центар за европско образование (CIFE).
Флорент Марсиак од Австро-францускиот центар смета дека Берлинскиот процес по себе го врати проширувањето на ЕУ со западнобалканските земји на агендата, но и дека постои голема непредвидливост пради проблемот кој го има со блокирањето на членството на одредени земји од страна на постојни членки.
-Мој предлог е како надоградба на Белинскиот процес да се пристапи кон едно колективно настапување кон ЕУ заедно со другите земји кандидатки за членство, а кое би довело до заедничко лобирање и формирање на политики кои би и помогнале на Македонија да влезе во пакет со останатите земји. Проблемот со името е сложен проблем, најмногу поради податокот дека постои голема асиметричност во врска со истиот проблем. Она што можам да го предложам е дека ваквата ситуација може да се подобри односно таа асиметричност да се намали и да се добие избалансиран однос, доколку се примени заедничкиот настап. Кога една земја би била блокирана од земја членка на ЕУ би требало да го блокира и целиот блок од оние шест земји кои се кандидатки и аспирантки, вели Марсиак.
Според Јулиана Николова од Центарот за политика во Софија, Бугарското претседателство се случува во еден многу важен момент за проширувањето, а тоа е кога документот кој ќе биде разделен и дистрибуиран меѓу сите земји членки, кое е клучно за проширувањето.
- Минатата недела после заедничката седница на владите на Македонија и Бугарија беа потпишани спогодби за добрососедство, а Македонија може да го искористи бугарското претседателство и да влезе во еден партнерски однос заедно со Србија и Црна Гора во зачленување во ЕУ, порача Николова.
Заменик министерката за надворешни работи Арта Точи потенцираше дека Македонија е силно посветена на градење добрососедство, пријателство и инклузивна соработка со сите земји од регионот.
-Добрососедските односи за сите нас треба да бидат шанса за поттикнување за уште подобра регионална соработка кој е дел од спогодбата за асоцијација и стабилизација, а кој ја води замјата кон членството во ЕУ, рече Точи.
На дебатата учествуваа и истакнати истражувачи од повеќе институти во регионот, како и дипломатскиот кор во Република Македонија, државни институции, невладини организации и академската заедница.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка