Македонија
30. September 2016 - 9:25

Дебар, Жупа и Река без струја

Поширокиот Дебарски регион денеска од 7 до 17 часот е без елекрична енергија.

- Поради планирана редовна годишна ревизија на опремата на енергетски постројки во кругот на  хидроелектричната централа Шпиље во Дебар  од страна на АД ЕЛЕМ, денеска без електрична енергија ќе биде конзумот на целата територија на општина Дебар, општина Центар Жупа и Долнореканскиот крај, општина Маврово-Ростуше, како и сите индустриски објекти во овие три општини, соопшти ЕВН Македонија.