Давутоглу: Се надевам на добар исход за Турција, ЕУ и имигрантите
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека гледа одредени потешкотии рамките на ЕУ во врска со исполнувањето на условите на договорот за мигрантите, но додаде дека се надева на позитивни резултати од денешниот разговор во Брисел.
Тој додаде дека сите треба да знаат дека нема да се прифати каков било договор кој Турција би ја претворил во „отворен затвор“ за мигранти.
- Гледаме дека има некои потешкотии во рамките на ЕУ за исполнувањето на условите на турскиот предлог, нагласи Давутоглу пред новинарите во Анкара, пренесува Танјуг.
- За тоа телефонски разговаравме со германската канцеларка Ангела Меркел минатата седмица, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск кога беше во Анкара, изјави Давутоглу синоќа, пред поаѓањето за Брисел.
- Се надеваме на добар исход за Турција, мигрантите и ЕУ, нагласи турскиот премиер.
Лидерите на ЕУ се состанаа вчера во Брисел со цел да разговараат за договорот со Турција со кој ќе се ограничи приливот на мигранти и бегалци во Европа во замена за отстапките кон Анкара, додека денеска, на вториот ден на самитот ќе им се придружи и турскиот премиер Давутоглу.
Ново на Сител
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари
-
Од среда нестабилно со локален дожд и снег
-
Русија останува отворена за дијалог за решение на конфликтот во Украина
-
Се обидел да силува и истепал болна жена роднина, соседот го затекнал па го истепал и него
-
Пожар изби наспроти „Американ колеџ“ во Аеродром
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники