Давеник спасен од помлад колега во канал за наводнување кај „Фени“
Дваесет и тригодишниот Д.Р. од Прилеп вчера 20 минути се борел со водата во канал за наводнување за да го спаси својот 59-годишен колега Л.М. од Неготино, кој претходно при трасирање на гасовод, во атарот на селото Шивец, паднал во отворениот канал и почнал да се дави.
Настанот денеска за МИА го потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Додевски појасни дека двете лица се вработени во градежното претпријатие „Гранит“ Скопје.
- Вршеле трасирање на гасоводот во атарот на селото Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот, информираше Додевски.
Двајцата биле пренесени во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци, каде Л.М. бил донесен во тешка општа состојба и по укажаната медицинска помош бил задржан на лекување, додека по извршениот лекарски преглед, Д.Р. бил пуштен на домашно лекување.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика