Даунинг стрит 10 се огради од изјавата на министерот Џонсон за Саудиската Арабија
Кабинетот на британскиот премиер Тереза Меј се огради од коментарите на министерот за надворешни работи, Борис Џонсон за Саудиска Арабија.
На една конференција во Рим, минатата недела, Џонсон зборувал за ситуацијата на Блискиот Исток и при тоа рекол дека Саудиска Арабија (како и Иран) се заробеници на „сурогат војните“ кои ги водат во името на религијата, само поради недостиг на лидерство.
- Министерот Џонсон во Рим зборувал само во свое име, изјави портпаролот на премиерот Меј, во Лондон, објаснувајќи дека неговите коментари за Саудиска Арабија „не се и позиција на владата“.
Реакцијата на Даунинг стрит 10, која во Лондон се оценува како „прилично строг укор“ за шефот на дипломатијата, доаѓа непосредно по неколкудневниот престој на Тереза Меј во регионот на Персискиот Залив и во Саудиска Арабија.
Британскиот премиер во Ријад имаше ручек со саудискиот крал Салман, на кој Меј ги пофалила неговите реформи во кралството и се заблагодарила на „виталната соработка“ во изминатите години на саудиското разузнавање со британското.
Од британска страна била истакната и желбата за натамошно зацврснување на односите меѓу Лондон и Ријад.
- Британија ја подржува коалицијата предводена од Саудиска Арабија за подршка на владата во Јемен, против бунтовниците Хути, изјави портпаролот на британскиот премиер Тереза Меј.
Коалицијата на сунитските арапски држави, што ги предводи Ријад, ги бомбардираат позициите на Хутите- шиити, за кои саудиските власти тврдат дека воено се помагаат од Иран, во обид да им се помогне на владините јеменски сили одново да ја преземат контролата врз главниот град Сана.
Во својата изјава, Џонсон зборувал за тоа што политичарите на Блискиот Исток ја злоупотребуваат религијата или различните струи од една иста религија (сунити- шиити) за политички цели.
Коментарите на шефот на британскиот Форин Офис и реакцијата на Даунунг стрит 10, се појавија откако пролабуристичкиот „Гардијан“ објави што Борис Џонсон рекол на конференцијата во Рим.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари