Данска пријави подводно истекување гас од гасоводот „Северен поток 2“
Данска денеска пријави истекување на гас од гасоводот „Северен поток 2″, што од Русија оди кон Европа под Балтичкото Море, па оцени дека постои опасност за поморскиот сообраќај.
Данскиот оператор на гасоводот „Северен поток 2″ потврди за истекувањето откриено југоисточно од данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море.
Иако овој гасовод не се користи за увоз на гас, тој сепак е наполнет, јави новинската агенција ДПА.
Портпаролот на „Северен поток 2″ изјави дека е забележано губење на притисокот во цевките рано изутринава и оти веднаш се информирани надлежните тела во Германија, Данска, Шведска, Финска и во Русија.
Германското Министерство за економија соопшти дека „не му се јасни причините и фактите во врска со оваа работа”.
„Моментално разменуваме информации со надлежните тела за да ги разјасниме фактите”, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости