Данкан: Договорот за добрососедство е чекор во вистинска насока
Британскиот министер за Европа, Алан Данкан го поздрави потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија.
- При моите неодамнешни посети на Бугарија и Македонија видов силна посветеност за подобрување на односите меѓу двете земји. Го поздравувам потпишувањето на Договорот за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија како чекор напред во вистинската насока. Добрососедските односи помеѓу Бугарија и Македонија се клучни за обезбедување на стабилност во регионот, се вели во пишаната изјава на Данкан.
Обединетото Кралство, истакнува Данкан, целосно ја поддржува новата Влада на Македонија во спроведувањето на неопходните реформи во земјата, и обнова и унапредување на односите со соседите. Обединетото Кралство и Бугарија исто така споделуваат цврсто пријателство, во очекување на нивното престедателство со Европскиот Совет во 2018 година, пишува британскиот министер за Европа, Алан Данкан.
Тој се надева дека парламентите на двете земји ќе го ратификуваат Договорот за пријателство, со што, како што вели, ќе може повеќе да се искористи оваа прилика за напредок.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани