Даниел Камјакоски ја покажа својата девојка
Даниел Кајмакоски има огромен број на обожавателки, но неговото срце веќе месеци наназад е заробено од една прекрасна бринета.
Даниел е во врска со Кристина Димитриевска, поранешен член на модното студио Црнокрак.
Младата тетовка досега се има појавено на повеќе избори за убавина, а има и неколку титули зад себе.
Гласините за нивната врска конечно се потврдени со нивното заедничко појавување на насловната страница на дневниот весник Вест, каде двојката во интервју открива кога и како се запознале.
На Инстаграм профилот на пејачот се почесто осамнуваат фотографии на кои е во друштво на оваа убавица, од Водно до Охрид, се е на нивната листа на дестинации за прошетки.
Сигурни сме дека голем дел од неговите млади обожавателки ќе бидат разочарани до оваа вест, но наедно ќе се радуваат на среќата на својот идол.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ