Свет
21. September 2015 - 10:47

Дамаск: Воздушните напади врз ИД во Сирија се неефикасни

Воздушните напади на меѓународната коалиција, предводена од САД врз позиции на Исламска држава во Сирија се неефикасни, изјави денеска сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мекдад во интервју за јапонската агенција Кјодо.

- Воздушните напади не беа ефикасни, со нивна помош ништо не беше постигнато, истакна Мекдад и додаде дека ИД станала уште посилна во Ирак и Сирија и покрај борбата на САД против тероризмот.

Како што јави ТАСС, сирискиот дипломат нагласи дека Русија и помага на Сирија и претставува главниот извор на оружје за сириската армија.

Тој нагласи оти во Сирија нема руски војници.