Дали е истата како онаа на СДСМ?
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека денеска во Владата премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани во целост го потврдиле, а како што нагласува на 16 септември и ќе го потпишат, Планот за раст кој бил подготвен од Владата на СДСМ.
-Без да изменат речиси ништо во тој план, тие ја призна добро сработената работа и спроведената Реформска агенда од страна на СДСМ, пишува Филипче на Фејсбук.
Според него, ниту едно ветување на Мицкоски не е исполнето.
-Ниту едно ветување на Мицкоски кое тој ревносно го повторуваше не успеа да го реализира. Напротив. Мицкоски го прифати целосно Коридорот 8 и одеднаш проектот не завршувал како тунел во планина. Сега тој проект е добар. Мицкоски се согласил и дека нема да се распуштаат Советите за судии и јавни обвинители, иако со денови во јавноста кажуваше дека ќе го направи тоа. Јасно е дека ниту ЕУ, ниту било која меѓународна институција, не дозволува политичко мешање во изборот, кое очигледно беше цел на Мицкоски, нагласува Филипче.
Според него, чесно би било ова да го признае пред граѓаните отколку партијата да измислува спинови и паравани за нереализираните ветувања. Но, додава, тоа говори за него и неговиот начин како ја разбира политиката.
Претседателот на СДСМ потенцира дека нема простор за импровизации, ниту пак, како што нагласува, за лажни ветувања и поигрување со емоциите на граѓаните кога се во прашање стратешките цели на државата и ЕУ интеграциите.
Ново на Сител
-
Обвинители на 22 американски држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на научното финансирање
-
Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
-
Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани
-
Во сообраќајка кај Струга повредени четири лица, од кои тројца се полицајци
-
По апсењето на градоначалникот на Тирана, опозицијата бара оставка на Рама
-
Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите
-
За градоначалникот на Тирана, затворски, за сопругата, која е надвор од земјата, куќен притвор
-
Трамп: Палестинците ќе добијат нови домови, но не во Газа