Дакота Џонсон: Често пати имам напади на паника
Младата актерка Дакота Џонсон, која во контроверзниот филм „50 нијанси на сиво“ ја имаше носечката улога, во моментов го промовира својот најнов филм „Black Mash“, во кој игра заедно со Џони Деп, пренесува „Дејли мејл“.
Иако низ нејзините вени тече холивудска крв, бидејќи нејзини родители се познатите глумци Дон Џонсон и Мелани Грифит, таа признава дека се уште има трема во текот на аудициите.
-Понекогаш ме фаќа паника до точка да не знам што да мислам, ниту што работам. Имам големи напади на анксиозност, вели оваа млада и веќе позната актерка и додава дека нападите и се случуваат постојано, но дека на аудицијите се многу потешки.
Џонсон за весникот раскажува и за работата на новиот филм со Деп со кого имаат заеднички пријател - Хантер С. Томпсон.
-Беше кул бидејќи Томпсон ни е врската, а со него мојот татко е многу близок, рече таа.
Ново на Сител
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер