Дачиќ во Вашингтон со Тилерсон ќе бара „заеднички интерес“ на Србија со САД
Во рамките на подготовките за состанокот со државниот секретар Рекс Тилерсон, имав детален разговор со помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Вес Мичел, со цел да се изнајдат заеднички интереси меѓу САД и Србија, поради стабилноста, мирот и иднината на целиот регион, како и за решавање на отворените прашања, изјави српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Вашингтон, во соопштението кое синоќа од неговиот кабинет беше проследено до српските медиуми.
- Мислам дека актуелната администрација на САД пожува повеќе разбирање за српските ставови, кога се во прашање проблемите во регионот. Бараме да бидат сослушанини нашите предлози за да се дојде до најдоброто решение за сите во регионот, стои во изјавата на Ивица Дачиќ. Тој констатира на крајот дека „особено е значајно дека постои добра желба да се дојде до трајно решение за проблемите на Косово“.
Нагласувајќи дека односите со САД се многу значајни, шефот на дипломатијата оцени дека Србија траба да вложи максимум напори за да се дојде до заеднички договор и до заеднички именител со САД, како држава која има најголемо влијание во регионот.
Во пишаната изјава за медиумите, Ивица Дачиќ изрази надеж дека состанокот со државниот секретар Рекс Тилерсон во петок ќе биде успешен и од голем значење.
Ново на Сител
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа
-
Пензиите зголемени за 2500 денари
-
Прв академски час
-
Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи
-
Стејт департмент: На Украина не и треба дозвола од САД за користење сопствено оружје во напади врз Русија
-
Путин нареди регрутирање на 133.000 војници
-
Борел: На Блискиот Исток треба да замолчи оружјето, а да зборува дипломатијата