Дачиќ најави помош од Србија во борбата со пожарите
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Северна Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, јави дописникот на МИА од Белград.
-По одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи утре ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни ситуации во гаснењето на пожарот што од Северна Македонија се прошири до областа Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, изјави Дачиќ, се наведува во соопштенеито до медиумите на МВР.
Во него се додава дека поради ширење на пожарот во источниот дел на Северна Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ во земјава со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.
Во акцијата за гаснење на пожарите во Северна Македонија, по одобрение од нивните колеги учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои дејствуваат во атарот на селото Магленце со што спречуваат понатамошното ширење на пожарот кон територијата на Србија.
-Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ, се наведува во соопштението на српското МВР.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз