Дачиќ: Екстрадирањето на Морина е политичка одлука
Тоа што Северна Македонија не го екстрадира на Србија поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина претставува политичка одлука, смета шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ.
– Ако некој се наоѓа на потерница на Интерпол, тогаш што има да се размислува дали да го екстрадира или не. Тука очевидно во прашање се политички причини, истакна Дачиќ.
Тој потсетува дека така и Франција го пуштила Рамуш Харадинај и претставува проблем што Харадинај, но и други припадници на ОВК, нема да одговараат за воени злосторства пред судовите во Косово и пред Меѓународниот суд на правдата.
– Тие никогаш нема да одговараат. Тоа е аболиција за терористи, луѓе кои вршеле воени злосторства и тоа е неприфатливо. Морина и останатите никогаш нема да одговараат, нагласи министерот за надворешни работи на Србија, додавајќи дека „западните земји бараат Косово да стане членка на Интерпол, а тие не ја почитуваат таа организација“.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта