Даблин посредува во изнаоѓањето компромис меѓу ДУП и Шин Феин
Ирскиот министер за надворешни работи Чарли Фланеган престојува во Белфаст, во обид да помогне за изнаоѓањето компромис меѓу Демократската унионистичка партија (ДУП) и Шин Феин околу формирањето нова влада по вонредните избори на кои немаше сигурен победник.
На изборите одржани на 2 март за нов состав на северноирското Собрание, ДУП го загуби своето уверливо мнозинство од 11 пратеници, што го имаше по редовните избори од мај минатата година.
На предвремените избори, кои беа органиизрани по оставката на заменикот прв министер, сега починатиот, Мартин Мекгинис, ДУП освои само еден пратеник повеќе од Шин Феин, која постигна најголем изборен успех досега.
Според мировниот Договор од Велики Петок од април 1998 година, Владата на Северна Ирска заеднички ја раководат унионист (протестант) и републиканец (католик) , при што прв министер е од редовите на партијата која има најмногу пратеници, а заменик прв министер од втората по бројност партија.
Согласно овој договор ДУП треба да го даде првиот министер и за таа позиција ја предлага Арлен Филипс, која и досега ја извршуваше оваа функција.
Шин Феин останува врз принците од мировниот договор за поделба на власта, врз основа на што треба да ја добие функцијата заменик прв мнистер, но не прифаќа формирање влада предводена од Филипс, обвинувајќи ја дека таа е виновна за кризата и за вонредните избори.
Таа беше обвинета дека е вмешана во една локална енергетска афера и откако одби да се повлече од функцијата, Мекгинис поднесе оставка, со што по автоматизам падна Владата.
Британската Влада, која е вклучена во преговорите преку министерот за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир предупреди дека ако нема договор за нова влада до 18 април, Лондон ќе презземе директната управа врз покраината.
Брокеншир ги обвини двете главни партии за ситуацијата и предупреди од можноста за подлабока политичка нестабилност во Северна Ирска.
Британската Влада инсистира на договор и е против нови избори, кои ги смета за непотребни и некорисни.
Ирскиот министер Фланеган во Белфаст истакна дека во меѓувреме има извесен напредок во преговорите , но и тој не е за нови избори во покраината.
Главната пречка за договор покрај Филипс се и несогласувањето околу неколку законски прашања и законот за официјализирање на ирскиот јазик.
Ново на Сител
-
Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
-
Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата
-
Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“
-
Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената