Да се преземат мерки за заштита поради пожарот во велешка Маслодајна, бара Инспекторатот
Не функционирала сондата која треба да ја мери температурата во силосот на велешка Маслодајна, во којшто веќе петти ден тлее пожар, соопшти денеска Општинскиот инспекторат за животна средина, од каде побараа раководството под итно да преземе мерки за заштита за околните згради.
Се очекува за ден-два да згасне пожарот, што избувна во петокот попладне во Фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес во силос полн со 400 тони пелети сончогледови лушпи. Со брза интервенција на ТППЕ Велес била спречена поголема катастрофа.
Дел од пелетите навреме биле извлечени, а остатокот од 100 тони пелети вработените петти ден сеуште многу напорно рачно и со колички ги извлекуваат и го оставаат на бетон да се изладат.
Општинската инспекторка за животна средина Билјана Шуркова Манаскова, на денешната прес конференција информира дека според темпото на работа на извлекување на пелетите, очекува пожарот да се згасне за ден – два. Таа вели дека е огорчена што тие како надлежен општински инспекторат не биле навреме известени за да реагираат согласно со законот и издадената дозвола од нивна страна, а не, како што вели, за случајот да се информираат од реакциите на граѓаните преку социјалните мрежи.
– Во Фабриката за масло „Благој Ѓорев“ има многу пропусти во работењето, а тука се наоѓаат многу запаливи материи како хлексан, масло за јадење и други запаливи материи. Затоа фабриката треба под итно да превеме неопходни мерки за заштита. За да не дојде до самозапалување како што сега беше случај во силосот со пелети треба да има сооодветна апаратура за мониторинг и сондата за мерење на температурата да не биде во дефект туку да функционира за веднаш да се реагира, рече Шуркова Манаскова.
– Каква е техничката исправност на силосот и каков е планот за справување со пожар во силосот и дали воопшто ги има? Навистина среќна околност е што не е предизвикана поголема катастрофа и нема повредени. Материјалот во силосот има потенцијал за самозапалување како резултат на хемиски реакции во силосот. Овие пожари најчесто настануваат длабоко внатре во складираниот материјал и многу тешко е рано да се детектираа ако нема соодветна и функционална опрема. Во случај на високи концентрации на кислород, може да дојде до експлозија на силосот. Мора да постои комуникациски план. Во овој случај морам да кажам дека сериозноста на состојбата е потценета, минимизирана по обем и по важност, јавноста а и надлежните институции се игнорирани, потенцира Коцевски.
Тој рече дека целосно ја разбира загриженоста на јавноста , сочувствува со сите граѓани и смета дека нивната реакција е сосема оправдана.
– Нема нешто поважно од здравјето на нашите граѓани. За мене не постои поважен приоритет од ова. Велес е познат како град со развиена еколошка свест и ние како општина ќе направиме се што е во наша надлежност да имаме квалитетни услови за живот, порача Коцевски.
Во фабриката има три котли за затоплување, два кои работат на мазут и еден на пелети, а којшто моментно не работи, информираа од општинскиот инспекторат за животна средина.
Ново на Сител
-
Стојановски ќе се бори за златен медал на ЕП во Таеквондо за кадети
-
Барале пари за да дадат информации - Нови детали за изчезнувањето на Лидија
-
Родри ја освои Златната топка со 41 глас повеќе од Винисиус
-
Мицкоски: Се обидуваме „Рош“ да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени
-
Според тестирањата во прилепските градинки, секое второ дете има проблеми со говорот
-
Мицкоски: Дефинирани се цените и производите опфатени со новогодишната кошничка
-
Од утре температурите пониски за пет до седум степени
-
ПСЖ би можел да го ангажира Куртоа за да му се одмазди на Реал за Мбапе