Свет
27. January 2018 - 10:11

Да не се заборави ѕверското убиство на 6 милиони во логорите на смртта: Светот го одбележува Денот на сеќавањето на Холокаустот

Светот денеска го одбележува Денот на сеќавање на Холокаустот, а преживеаните и нивните семејства ќе се соберат во Аушвиц на комеморација на жртвите на овој логор на смртта.

Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот утврден е на 1. ноември 2005 година со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации.

Определувајќи се за 27. јануари, денот кога во 1945 година е ослободен Аушвиц - Биркенау, најозлогласениот логор на смртта во поробена Европа, Генералното собрание на ОН се раководеше од потребата за реафирмација на човековите права, превенција и казнување на злосторсторството геноцид, како и постојано присутната опасност од расна, национална и верска омраза засновани врз предрасуди.

Втората светска војна, однесе меѓудругото, над шест милиони недолжни жртви, припадници на еврејскиот народ.

Аушвиц, Треблинка, Матхаузен, Дахау, Јасеновац се само некои од масовните логори каде настрадаа невини жртви.

A

Потребата одново да се потсетува светот на ужасот на холокаустот, како и да се отфрлат како невистините тврдењата кои го негираат неговиот карактер и обемот на страдањата, се актуелни во сите демократски држави. Антисемитизмот во одредена мерка е присутен и во нашето време за што сведочат изолирани, но и натаму просутни инциденти.

Нужноста за осознавање на фактите и размислувањето за страшните последници од Холокаустот ќе придонесе во сите демократски држави, масовното страдање на Евреите во Втората светска војна и во иднина да се согледува како што по својот карактер и обем навистина е - еден од најголемите злосторства во историјата насочено против човештвото.