Д-р Петличковски: На добар пат сме да ја победиме пандемијата
Во вечерашното гостување во Дневникот на Сител, Директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски смета дека треба да се направи баланс меѓу стегањето и олабавувањето на мерките.
„Сега имаме топло време, отвореност на просториите и шетањето на луѓето на отворено и не е сигурно дека новите мерки ќе дадат лоши резултати. Сепак апелирам на внимателност, бидејќи сме на добар пат во моментов и имаме шанси да постигнеме нешто убаво и многу вредно, односно големо намалување на распространетоста на вирусот и победа над кризата“, вели Петличковски
Од среда најавите се дека мерките против коронавирусот уште повеќе ќе се олабават. Врз основа на епидемиолошката слика за која Комисијата за заразни болести смета дека е подобрена, се предлага да се намали полицискиот час, кој би требало да започне од полноќ, но и да се продолжи работното време на угостителските објекти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец