Македонија
2. February 2022 - 11:17

Д-р Мехмедовиќ на Фејсбук прецизираше за каква манипулација со бројки на починати мислел

Откако утрово во гостување на Утирнски брифинг, д-р Злате Мехмедовиќ кажа дека имало манипулација со бројките на починати, на Фејсбук се огласи со цел да прецира на каква манипулација на бројки мислел.

„Во денешното гостување на Утрински брифинг на прашањето за високата смртност во нашата земја од ковид одговорив:” Има статистики кои се водени од претходната комисија за заразни болести кои сериозно ќе ги разгледаме, затоа што да имаше манипулација со бројките, но апсолутните бројки укажуваат на тоа дека сме на 6 или 7 место по смртност”

Би сакал да појаснам, пред се поради големиот интерес на новинарите што точно значи “манипулацијата” со бројките. Не се работи за манипулација на бројките од страна на претходната комисија за заразни болести, туку за начинот на кој се интерпретираат бројките во јавноста. Долго време се разговараше на темата дека во ковид евиденцијата се водат и починатите од друга болест или несреќен случај кај кои е посмртно докажан присуство на коронавирусот, а тоа може да биде и причина за големата смртност, и тоа е нешто за што ќе се отвори дискусија на КЗБ.

Комисијата за заразни болести водела точна евиденција согласно препораките на СЗО за смртноста и не станува збор за манипулации на тие бројки, туку за манипулациите и дезинформациите во јавноста поврзани со смртноста за која основната причина е ковид. Зборот манипулација беше погрешно употребен и требаше да биде дообјаснет, на Комисијата за заразни болести и се извинувам за недоразбирањето“, напиша Злате Мехмедовиќ на неговиот Фејсбук профил.