Македонија
13. January 2021 - 16:14

Д-р Лазаров: Текстот испратен од лекарската комора за употреба на ивермектин е плагијат

Докторот Ненад Лазаров преку објава на својот Фејсбук профил обвини дека текстот кој лекарската комора го испратила до матичните лекари за употреба на ивермектин е плагијат.

„Каква срамота е ова?

Вчера Лекарска Комора на мејл кај лекарите низ Македонија дисперзира текст насловен:

"МИСЛЕЊЕ ЗА УПОТРЕБА НА ИВЕРМЕКТИН КАЈ ПАЦИЕНТИ СО COVID-19

Од стручниот колегиум за ЈЗУ Униоверзитетска клиника за пулмологија и алергологија и COVID-19 центрите при интернистичкиот блок "

Го објавив интегрално.

Текстот е плагијат, автор на оригиналниот текст е Марјан Божиновски (кој нема никаква врска со наведениот колегиум) и истиот е објавен во списанието Емитер во Август годинава.

Ова е голем скандал и за ова треба некој да одговара!“, напиша Лазаров.