Македонија
1. February 2022 - 14:21

Д-р Демири: Греота е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран

Луѓето не треба да се опуштаат и да да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.

-Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири.