Македонија
30. August 2021 - 10:13

Д-р Беќаровски: Парите за изборни реклами пренаменете ги за брзи тестови за Ковид-19 во училиштата

Д-р Нико Беќаровски со објава на својот Фејсбук профил им се обрати на кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори и им предложи парите наменети за изборни кампањи да ги пренаменат за брзи тестови за ковид-19 во училиштата.

– Почитувани кандидати за градоначалник на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази, парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, пренаменете ги за брзи тестови за ковид-19 во скопските училишта. Само така може да ме предомислите на 17 октомври да не „правам ајвар“, напиша д-р Беќаровски.