Цветков: Субвенции од три денари за килограм откупено грозје „вранец“
Субвенции од три денари по килограм откупено винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“, за винарските визби, најави денеска министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков.
Оваа одлука, според министерот, е донесена по средбата со винариите на која информирале дека ќе го намалат откуп на грозјето бидејќи, како што истакнале, на европскиот пазар била понудана пониска цена поради големиот наплив на вина од многу замји.
- Имаме и голем притисок за откуп на сортата „вранец“ имајќи предвид дека таа е веќе стасана, и треба да се откупи во наредните неколку дена. Доколку не неправиме да се откупи, постои можност да остане на лозовите плантажи. Владата на РМ на седницата која се одржа вчера донесе одлука да го стимулира откупот, истакна Цветков.
Според министерот, се предвидува да се откупат околу 30 до 35 милиони килограми „вранец“.
Цетков информираше дека до вчера откупени се над 43 милиони килограми грозје од кои 26 милиони се од сортата „вранец“, а останатите се други видови грозје.
На прашањето за веќе набраното грозје од последниот викенд кое не е предадено во винариите, министерот рече дека проблемот настанал по дождот кога лозарите почнале со хаотичното берење на грозјето од страв дека нема да успеат да го предадат бидејќи винарските визби имаат одреден технолошки капацитет што можат да го примат.
- Од тие причини апелирам винариите и лозарите да се договараат кога да се бере грозјет, рече Цветков и додаде дека грозјето кое нема да биде предадено ќе се преработува во дестилат.
На прашањето за тоа дали се намирени долговите на винариите кон лозарите, Цветков рече дека винаријата Повардарие ги намирила сите побарувања кон лозарите кои директно го предале грозјето во винаријата, додека друга винарија која имала долг од над еден милион евра не ги исплатила лозарите и и укината и е лиценцата.
- Оваа година таа винарија нема да може да откупува грозје, потенцира министерот Михаил Цветков.
Ново на Сител
-
Македонија поразена од фаворитот Франција во Вараждин
-
Унгарија посилна од Катар, Македонија нема да игра четвртфинале
-
Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром
-
Вучиќ повика на објавување на документацијата за Железничката станица во Нови Сад која ја бара Градежниот факултет
-
Фицо: Се подготвува список на луѓе кои ќе бидат протерани од Словачка во врска со обидот за државен удар
-
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
-
Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна | ФОТО
-
Да нема преименување на градските улици, Сојуз на борците со отворено писмо до Касами