ЦУК: Зголемување на водостоите на реките, не постои опасност од излевање
Врнежите од дожд изминатите 48 часа предизвикаа извесно зголемување на водостоите на реките низ земјава, посебно во западните делови каде врнежите беа најобилни. Поради претходниот сушен период и досегашните ниски водостои не постоеше опасност од излевање на водотеците и овие врнежи дожд беа добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека денеска зголемен водостој, во споредба со просекот за септември, има на реката Вардар, на мерните места Јегуновце, кај вливот на Лепенец во Скопје, Велес и кај Демир Капија. Зголемени водостои има и кај реките Пчиња, Бабуна и Струмица, кај Сушево.
Според прогнозите, врнежливото време се очекува да продолжи и во текот на денешниот ден, повторно без опасност од појава на високи водостои и без можност за поплави.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи. В сабота ќе дува засилен северен ветер, кој во наредните денови ќе услови опаѓање на температурата на воздухот и ќе биде под просекот за овој период од годината.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања
-
Тема на денот со професор Методи Хаџи Јанев
-
ВО ЖИВО: Мицкоски во Брисел на средба со Фон дер Лајен и Мишел
-
Борисов бара оставка од Николовски или крај на разговорите со Македонија
-
Албанските партии нема да седат мирни по укинувањето на балансерот, се најавуваат закони за правична застапеност
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од западно-нилска треска
-
Дефицитот од докторски кадар во ЈЗУ ќе се надоместува со приватни специјализанти
-
СДСМ: Тошковски го ослободил бодигардот на Мицкоски кој тепаше полицаец