ЦУК: Седум активни пожари во моментов, шест под контрола
До 13 часот денеска, евидентирани се вкупно 16 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, шест се под контрола, три изгаснати, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, активни се пожарите во општините Македонски Брод - еден кај селата Тажево и Брезница - крак кон „Јасен“, втор кај селото Слатина, Охрид - на територија на Галичица, Чашка - кај селата Папрадиште и Ореше, Петровец - кај село Градманци. Потоа, пожарот на територија на општините Демир Хисар и Охрид - Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Активен е и пожарот во регионот на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.
Под контрола се шест пожари во општините Делчево, Охрид, Пласница, Пробиштип, Студеничани и Зелениково.
Изгаснати се три пожари. Еден на територија на општина Валандово - кај селото Пирава, два во гостиварскиот регион - кај населбата Питарница и село Градец.
Ново на Сител
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп
-
Законски измени за забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор
-
Марин Ле Пен: Нема да се кандидирам во 2027, но ќе продолжам со борбата
-
Облачно со повремен дожд и слаб ветер
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен