ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено
Центарот за управување со кризи регистрира 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати, па од вчерашните активни пожари нема.
Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште кај с.Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај с. Стровја; Долнени, кај с.Дебреште; Валандово, кај с.Удово; Штип, кај Индустриска зона; Тетово, кај Фабрика Муневре; Велес во Индустриска зона и во Општина Свети Николе кај с. Малино.
Заради силниот ветер при последните два пожара на отворено изгореле и објекти и куќа.
Конкретно, Регионалнио ЦУК – Велес, известува дека противпожарната служба во Велес, во период од 16.26 до 19.35 часот, со 12 пожарникари и шест противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два стари (напуштени) воени магицина, во велешката населба „Речани“, зад хотелот „Монте Негро“.
Зафатена била површина од 10 хектари на ниска вегетација. Заради силниот ветар постоела опасност за куќите на работ од населбата. ЦУК ја следеше ситуацијата, за ако е потребна помош да ја координира од други градови, но пожарникарите ги одбранија куќите од пожарот што заради силниот ветер беше многу разгорен и со променлив правец на тој простор од 10 хектари
Пожарникарите од Свети Николе од 17.07 до 19.46 со деве пожарникари и четири противпожарни возила, интервенирале за гаснење запалена ниска деградирана вегетација, при што била опожарена и една куќа и четири помошни простории, во село Малино, Светиниколско. Со пожарот била зафатена површина од три декари.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Ново на Сител
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква
-
Во Филаделфија возач на автомобил влета во толпа навивачи и повреди тројца пешаци
-
Мицкоски: Празнувањето на Свети Сава во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ
-
Грешка на кујнскиот персонал го предизвкал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол
-
Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц