ЦУК: Потрагата по тројцата моторџии изгубени на планината Плачковица заврши среќно
Среќно заврши потрагата по тројцата моторџии кои вчера биле пријавени дека се изгубени на планината Плачковица, а нивните семејства не можеле да воспостостават телефонски контакти, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК го пренесуваат известувањето од регионалниот ЦУК-Штип, дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи, е добиена информација за изгубени лица на планина Плачковица. Тројцата моторџии биле со поголема група кои се упатиле од хотел „Бел камен“ -Радовиш кон село Зрновци. Последен контакт со нив е околу 19:00 часот, при што кажале дека се заглавени во некоја кал на неодредена локација.
- Во потрага биле вклучени: 15-16 лица со мотори кои биле во нивната група, едно полициско возило од Полициската станица (ПС )Штип на правецот Туртел – одмаралиште Универзитет „Гоце Делчев“ (УГД), едно полициско возило од село Зрновци кон Плачковица, околу 20-25 луѓе од поблиската фамилија на исчезнатите лица. Истоврено, било контактирано со Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани, кои се организираат да тргнат во пребарување. Биле известени и дежурните од ДЗС Скопје за превземање мерки во нивна надлежност, се вели во соопштението од ЦУК.
Регионалниот ЦУК Штип утринава извести дека од Планинарска служба Осогово со четири лица и едно теренско возило во 5.00 часот излегле на терен и пребарувале на ралција Видовиште, Латал - Бел Камен.
Според последните информации добиено од РЦУК Штип, едното од изгубените лица во 06:58 часот воспоставило контакт со член на фамилија и известил дека трите лица со моторите се заглавени во кал, па ноќта ја поминале на планината Плачковица и дека се во добра здравствена состојба.
Ново на Сител
-
Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак
-
По повод 20-годишнината, НЕОТЕЛ воведува нов пакет за деловни корисници со брзина до 500 Mbps
-
Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава
-
Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот цитроен „цитроен“ не донесе до пик-ап возилото и партијата „Десна“
-
Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури
-
Ден на жалост во Велес, двајцата повредени во сообраќајката и натаму во критична состојба
-
Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто
-
Утринава нови дојави за бомби во училиштата во БиХ