ЦУК: Поради магла шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка, пронајдени од вработен на ски-лифт
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера попладне биле најдени шест скијачи кои се изгубиле поради магла на Попова Шапка.
Според нивната информација, шест скијачи со скии-лифт се искачиле на повисоките делови од една од скијачката патека, но кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла.
Воедно се соочиле со нов снег што го отежнало движењето надолу по ски-патеката.
- Скијачите се јавиле за помош на 112. Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лице вработено на ски-лифт пронашло пет (5) од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашло и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, информираат од ЦУК.
Сите скијачи потоа безбедно се вратиле во нивните домови.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто