Македонија
5. August 2024 - 11:38

ЦУК: Пет активни пожари, три под контрола

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов пет се активни, три се под контрола и 21 се изгаснати, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека активни се пожарите во Општина Македонски Брод меѓу селата Тажево и Брезница, кракот што води кон Националниот парк Јасен, пожарите во општините  Демир Хисар и Охрид на Илинска Планина и село Базерник. Третиот активен пожар е во Општина Гевгелија од селоФурка кон Каравалија. Сѐ уште гори и во Општина Студеничани помеѓу селата Драчевица и Црвена Вода, кај местот викано Темна Бука и последниот активен пожар е  во Општина Пробиштип помеѓу селата Зелениград и Јамиште.

Од ЦУК соопштија дека под контрола се ставени три пожари во Општина Охрид помеѓу селата Косел, Расино, Опеница и Вапила, Општина Богданци кај местот викано Погана кон Ветерен Парк Богданци и во Општина Пласница кај селото Латово.

Во последното деноноќие изгаснати се 16 пожари во општините Радовиш, Кочани, Босилово, Свети Николе, Македонска Каменица, Студеничани, Гази Баба, Битола, Прилеп, Липково, Кичево, Гостивар, Чешиново-Облешево и Куманово.