ЦУК: Неколку локации во Скопје утре ќе имаат привремени прекини на електрична енергија
Центарот за управување со кризи, по известување на ЕВН, соопшти дека во текот на утрешниот ден (13.06.2022) неколку локации во Скопје ќе имаар привремени прекини на електрична енергија поради поради планирани технички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија.
Од 09:00- 12:00 часот корисниците од зградата на Ул.Ташко Караџа бр.10, зградата на Ул. Христо Ботев бр.5 (Општина Гази Баба), од време од 09.00 до 12.00 часот корисниците од дел од ул. Јордан Мијалков, објектите во близина на Дискотека Станица и раскрсницата со ул. Герман (Општина Центар), од 09:00-14:00 часот корисниците Дел од с.Сарај кај Хотел Сарај, ул.Ѓорче Петров под ул.1 и под ул.5.
Дел од ул. Трајко Бошковски Тарцан, објекти кај Кристина Мебел, Станбена зграда до Болница „Санте Плус“, (Општина Сарај) од време од 09.00 – 14.00 часот корисниците од ул. Никола Русински зграда 3а, зграда 3б, кафе „Флуид“ (Општина Карпош), од време од 09.00 – 14.00 часот корисниците од село Грачани, Караула Чашка, Викендици Кучково кон Манастир Св.Ѓорѓија (Општина Чучер Сандево), од 10:00 до 14:30 часот дел од корисниците на улица Александар Мартулков (Општина Ѓорче Петров), се локациите и временските периоди каде што ќе има прекини на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции