ЦУК: Изминатото деноноќие 23 пожари на отворено, три сѐ уште активни
Вкупно 23 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, три сѐ уште се активни, шест се под контрола, 14 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Првиот од трите сѐ уште активни пожари, е во општина Македонски Брод - во пределот кај селата Тажево и Брезница - крак кон ЈП „Јасен“. Вториот активен пожар е на територија на две општини - Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Третиот е на територија на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.
Шесте пожари на отворен простор што се под контрола, се во општините Пробиштип - кај селата Зелениград и Јамиште, Македонски Брод - кај село Слатина, Охрид - едниот на територија на планината Галичица, а другиот кај Косел - Расино - Опеница - Вапила, Пласница - изгаснат кај селото со ова име, активен кај Латово и во Делчево - на депонија.
На единствениот повикувачки број за итни случаи - 112, изминатите 24 часа имало вкупно 2.563 повици.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија